Полицијата во Хамбург: Нападот на црквата на Јеховините сведоци е изолиран инцидент

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Полицијата во Хамбург го смета нападот врз црквата на Јеховините сведоци во кој загинаа седум лица за изолиран инцидент, објави агенцијата dpa, повикувајќи се на безбедносни извори, пренесува „Хина“.

„Нема индиции дали сторителот на масакрот е во бегство или би можел да биде меѓу загинатите“, објави „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

Германскиот медиум додава дека се уште не се познати мотивите за нападот.

Непознат сторител застрелал најмалку седум лица и ранил неколку други лица во храм на Јеховините сведоци во Хамбург.

Слични содржини