Полицијата во Хамбург го смета нападот врз црквата на Јеховините сведоци во кој загинаа седум лица за изолиран инцидент, објави агенцијата dpa, повикувајќи се на безбедносни извори, пренесува „Хина“.
„Нема индиции дали сторителот на масакрот е во бегство или би можел да биде меѓу загинатите“, објави „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Германскиот медиум додава дека се уште не се познати мотивите за нападот.
Непознат сторител застрелал најмалку седум лица и ранил неколку други лица во храм на Јеховините сведоци во Хамбург.