Полиција сопре скијач во Норвешка, поради никаквата техника на скијање

од desk2
105 прегледи

полицјата сопре маж во норвешки Конгсберг откако тој одбрал неконвенционален начин да си замине дома откако бил во бар и испил неколку пијачки.

Мажот на возраст од триесетина години, во саботата речил да оди на пијачка, но да се врати дома на скии.

Надвор имало десетина сантиметри снег, па му се видело како одлична идејаза несекојдневен транспорт.

Но, минувачите го забележале, и виделе дека едвај се движи со скиите, па ја алармирале полицијата.

Полициска патрола го сопрела пијаниот маж, му ги извадиле скиите и го превезле до дома.

„Патролата сопре маж и поразговара со него. Очигледно беше дека мора да ги извади скиите. Го однесовме дома“, вели портпаролот на полицијата.

„Пијаниот маж не претставуваше опсаност за себе и за другите пешаци на тротоарот, но неговата пијана состојба имаше значително влијание на техниката на скијање. Не беше ни крос кантри, ни класично“, напиша полицијата на твитер.