Полицијата ги барала со потерница: Уапсени две скопјанки на 74-годишна и 55-годишна возраст

од Берта Китинска

Денеска (18.10.2021) во 13:45 часот во нас.Ќерамидница, од слобода била лишена В.А.(55) од Скопје, врз основа на централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за спроведување на истражна постапка во врска со чл.247 од Кривичниот законик за „измама“.

Во 12:40 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги, на ул.„Народен Фронт“ ја лишија од слобода Г.К.(74) од Скопје за која биле распишана централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за истражна постапка во врска со чл.279 ст.2 од Кривичниот законик за „даночно затајување“.

Слични содржини