Полицијата го побара Груевски во неговиот дом, никој не ѝ отвори

од Vlatko K
127 прегледи

Полициска екипа вечерва дојде во станот на поранешниот премиер Никола Груевски за да го спроведе во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на мерцедесот од 600.000 евра.

Тоа следува по распишаната потерница од МВР на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок.  Полицајците го побараа Груевски во неговиот стан, но никој не им отвори, по што тие слегоа пред влезот на зградата.

Распишана потерница по Груевски, настани што доведоа до тоа

 

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала.  Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.
 Кривичниот суд во Скопје попладнево во 16.30 часот достави до СВР Скопје барање за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за  „Тенк“
видео: Радио Слободна Европа
 https://www.facebook.com/RSEMK/videos/609767342791914/

Слични содржини