МВР издаде потерница по Груевски

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи по налог на Кривичен суд, издаде потерница по пратеникот Никола Груевски.

„Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување… и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата”.

Никола Груевски извршуваше премиерска функција од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година. Откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, обиди се правеа и денесска.

Груевски нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Слични содржини