Полицијата им напиша казни на 36 пијани возачи

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден казни 36 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 7 мерки за користење мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење на сигурносен, седум санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Слични содржини