109
Во моментов во Собранието е исклучена струјата и ниту еден медиум не може да емитува пренос од случувањата со видео и тон. Не е возможно да се емитува сигнал ниту од камерите пред Собранието. По доагањето на струјата дојдоа и нови полициски сили кои полека ја потиснуваат масата надвор од собраниската зграда.
Од оние снимки кои можат да се видат од зад Парламентот, пристигнува се повеќе полициско засилување околу зградата на законодавниот дом.
Сите влезови на Собранието се блокирани од демонстрантите и не дозволуваат ниту влегување на полициски сили, ниту некој да ја напушти зградата. Последно е дека се отстранети сите новинарски екипи од собраниската зграда, била нападната и новинарската екипа на Тв Телма