Италијанските судии мака мачат како да осудат сериски провалник затоа што никако не успеваат да утврдат кој ги направил кражбите за кои се товари, тој или неговиот еднојајчан близнак.

Судот во Верона пред неколку дена го ослободи Едуард Триши (34) од обвиненијата за тешка кражба затоа што ниту со ДНК анализа не може да се докаже дали на местото на злосторството бил тој или неговиот брат еднојајчан близнак Едмонд.
Неговиот адвокат Фабио Порта вели дека тоа не е прв пат. Судот неговите клиенти ги ослободил и во 2016 и во 2017 година затоа што не било можно со сигурност да се идентификува ниту со ДНК метода.
Браќата Труши, етнички Албанци, се еднојајчани близнаци кои еднакво се облекуваат, имаат исти тетоважи, носат толку сличен генетски материјал што невозможно е да се разликуваат. Може да се разликуваат само со отисоци од прсти, но тие секако на „работа“ носат ракавици.
ДВајцата имаат дебели досиеа во полиција и се поврзуваат со стотици провали во куќи низ северна Италија, но докажувањето за сега не им успева на властите.