Полицијата октрила 12 мигранти во комбе на автопатот Куманово-Табановце

од Aleksandar Todeski
170 прегледи

Дванаесет мигранти од Авганистан и Пакистан биле откриени во четвртокот навечер, во комбе на автопатот Куманово – Табановце и истите биле веднаш приведени од полицијата.

Како што соопшти МВР, на 14 ноември во 21:20 часот на автопатот Куманово – Табановце, на место викано „Обиколница Костурник“ било забележано товарното моторно возило „комби“, без регистарски ознаки.

По преземени активности од полициски службеници од Полициска станица Сопот, возилото било престигнато, а од слобода биле лишени 12 лица мигранти, и тоа седум од Авганистан и пет од Пакистан.

Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини