Полицијата пишува казни: 136 санкции направени во Скопје

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 14 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Слични содржини