Полицијата покажа слики на терористот пред нападот во Манчестер

од desk3
128 прегледи

Од полицијата во северниот англиски град Манчестер размножија слика на атентаторот, кој уби 22 лица и рани 116 други на концертот на американската пејачка Ариана Гранде претходно оваа недела.

Полицијата покажа снимки од убиецот од Манчесер пред нападот.  Над 1000 лица се  ангажирани во расветлувањето на атентатот во  Манчестер.

Полицијата ги откри последните дејствија  на напаѓачот од Манчестер Салман Абеди а откри и слики, на којшто тој е сликан непосредно пред нападот, пишува metro.co.uк.

Пред нападот во кој што тој уби 22 луѓе во Манчестер Арената, тој бил во апартмнот во центарот на градот каде според полицијата и ја склопил бомата.

Цела ноќ терористот носел  бејзбол капа и ранец на грбот.

Се тврди дека фотографијата е направена неколку часа пред крвопролевањето.

Потсетуваме дека самоубиец беше идентификуван како 23-годишниот Либиец Салман Абеди . Тој им бил познат на британските власти.

Преглед на изображението в Twitter

Потсетуваме  и дека во случајот беа претресени 14 адресата и уапсени 13 лица. Од полицијата уверуваат дека истрагата напредува брзо. 

Слични содржини