Полицијата во Дубаи тестира летечки мотори

од desk2
133 прегледи

Полицијата во Дубаи, која од порано поседува патролни автомобили Lamborghini, автоматски роботи и офицери, одлучи да полета со помош на летечки мотори, пишува CNN.

Летечкиот мотор Scorpion го дизајнираше руската технолошка компанија Ховерсурф, а се потпира на четири пропелери за да остане во воздух. Со моторот управува возач сместен на посебно место.

Моторот може да лета со 60 км на час, 25 минути, а има само едно седиште. Може да лета и самостојно, без возач.

По појавувањето на техничките меисии порано оваа година, полицијата во Дубаи одлучи да додаде еден летечки мотор на својата листа најсовремени уреди.