Полицијата во САД ги апси сопствениците кои ги штитат своите продавници со пушки и мачети (видео)

од Nikola Popovski
218 прегледи

Полицијата уапсила лица кои се обиделе да ги одбранат своите продавници со огнено оружје од демонстрантите во Лос Анџелес.

Според наводите на „Фокс њуз“, неколку возила биле паркирани пред една продавница, а група демонстранти, кои, наводно, се подготвувале да ја ограбат, се обиделе да се приближат до неа.

На нив им се спротивставиле сопствениците на продавницата, од кои двајца имале пушка со нив. Друго присутно лице имало голем нож во форма на мачета.

Сопствениците на продавницата извикувале: „Затворени сме“, а неколку лица избегале од местото на настанот по пристигнувањето на полицијата, пренесува „Раша Тудеј“.

https://twitter.com/RT_com/status/1267763903360126976?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1267763903360126976&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2020%26mm%3D06%26dd%3D02%26nav_category%3D78%26nav_id%3D1690617

Полицијата ги уапсила луѓето што излегувале од продавницата, со што ги испровоцирале присутните.

„Тие се сопственици на продавницата. Тие ги чуваат своите дуќани“, извикувале присутните.

Лос Анџелес е само еден од многуте градови каде избувнале протести поради смртта на Џорџ Флојд, кој почина откако полицискиот службеник Дерек Шавин го држеше коленото на неговиот скоро 9 минути.

Слични содржини