Полицискиот час го прекршиле 22 лица

од Берта Китинска
199 прегледи

Од 22 часот (11.03.2021) до 05 часот (12.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје.Во текот на изминатото деноноќие пак (11/12.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Слични содржини