Од утре продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 05 часот наутро. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.
Министерот за здравство, Венко Филипче претходно предупреди дека ако влошувањето на епидемиолошката состојба во земјава продолжи, тогаш ќе бидат принудени да преземат порестриктивни мерки, а како пример го наведе намалувањето на работното време на угостителските објекти или зголемувањето на времетраењето на полицискиот час во текот на деноноќието.