143
Полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро и работното време на угостителите до 23:30 остануваат на сила уште две недели, ваква одлука донела Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок.
Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.
Угостителите бараат укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од 4 лица и да има жива музика.