Полицискиот синдикат на Србија денеска соопшти дека во повеќе од 80 отсто од полициските станици и одделенија во Србија се закануваат зарази и епидеми.

„Полицајците од Полициската станица во Топола седат покрај тоалети кои изгледаат како најстрашно легло на зарази. Постојано се жалат дека во некои полициски станици во Србија не можат да работат поради смрдеата“, се наведува во соопштението.
Од синдикатот велат дека парите вложени во касарната во Ниш, во која пак министрите не сакале ни да преспијат, тебало да се вложат во реновирање на тоалетите за да не се срамат пред колегите од странство.