Полноќна тепачка меѓу келнери во угостителски објект

од Nikola Popovski

Тепачка меѓу вработени во угостителски објект било пријавено во полициска станица, инфомираа од МВР.

Според полицијата, на 26.12.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, Д.И.(33) од Скопје пријавил дека околу 00.10 часот на своето работно место во угостителки објект на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Д.П..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини