Емоционалното и физичкото неверсво лесно се препознава, но неверството кое се однесува на парите е тешко да се открие. Криењето на податоците околу долговите и состојбата во банка е еден облик на неверство, особено доколку верниот партнер игра отворено кога се парите во прашање.

Авторите на студијата за „финансиско неверстрво“ го дефинирале како криење на финансиската состојба (приходи, трошоци и долгови) од својот партнер.

„Финансиското неверство негативно влијае на емоционалното и телесното здравје, еднакво е опасно за врската како и сексуалната афера. Расправиите околу парите денес се најчеста причина за развод. Со оглед на улогата на финансиите во одржување на стабилноста на брачната заедница, на партнерите им се многу добро познати последиците од финансиското неверство“, наведува професорката по маркетинг Џени Олсон.

Треба да се напомене финансиското неверство, проследено со сокриено и неконтролорано трошење, вклучува поширок спектар на појави. Тајното штедење може да донесе многу бенефити во иднината, но е сокриена од партнерот па се впишува во неверство, пишува The Times of India.

Проблемите од овој вид им создаваат доста проблеми на финансиските експерти и консултанти, кои пополека, но сигурно, ги преземаат улогите на брачен терапевт. Се поголем е бројот на парови кои бараат совети за иднината на вложувањето, но и отворено зборуваат за своите навики, трошоци, штедења, долгови и планови.

„Јасно е дека финансиското невертво претставува препрека на ефикасното планирање“, наведуваат експертите и повикуваат трговските ланци и компании да влијаат на потрошувачите на кои овој облик на неверство може да им се случи.

Слични содржини