Половина од Данците сакаат пушпаузите да бидат неплатени

од desk2

Најновото истражување покажа дека 44 отсто од Данците се сложуваат паузите за пушење цигара на работното место да бидат неплатени.


Речиси половината учесници на истражувањето рекле дека пушалите треба да плаќаат за своите пушпаузи додека се на работа.Ё

Студијата, изработена од групата Wilke поддржана од Avisen.dk во мај и во јуни, е работена на примерок од 1.020 Данци на возраст од 18 години.

Додека 44 отсто од испитаниците рекле дека пушачите треба да имаат неплатени пушпаузи за време на работата, речиси исто толкав процент 43, рекле дека тоа не треба да влијае на нивната плата.

Според професорот по филозофија на Универзитетот во Копенхаген, Сорен Госвиг Олесен, високиот процент на луѓе кои сакаат да се отстраната пушпаузите од работното време ја рефлектира желбата да се понижат пушачите.

„Всушност, луѓето само сакаат некој да биде жртвено јагне. На тој начин, се чувствуваат подобро во врска со себе“, вели Олесен.

Според филозофот информативните кампањи за штетното дејство на пушењето, сега се заменети со многу правила и забрани што пушачите ги става на лизгав терен.

„Во минатото пушачите можеа да пушат во канцелариите. Потоа имаа посебни простории. Сега не можат да пушат никаде освен надвор. Покрај тоа, на кутиите цигари има разни страшни предупредувања од последиците од пушење. Да поедноставам, има многу голема човечка потреба некоја група да се виктимизира. А сега еве луѓето сакаат пушачите да бидат помалку платени“, додава Олесен.

Според Карен Стер, шеф на синдикатот, менаџерите се тие што треба да обезбедат профит без при тоа пуш паузите да влијаат врз тоа.
„Не мислам дека луѓето треба да бидат спречувани во пушење на работа. На менаџментот е да направи атмосфера каде работниците нема да стојат надвор и да пушаѕт осум часа од работното време“, додава таа.

Студијата покажува дека народот е поделен околу комцептот на пушпаузите, што оди од многу смешно, до жолчни расправи.
Данскиот мобилен и интернет провајдер TDC во 2013 година воведе одбитоци од платата врз основа на пушпаузите.
Мал број фирми со околу 6.400 вработени исто така им наплаќа на своите вработени кои пушат, пренесе агенцијата Ritzau.

Слични содржини