190
Половина од корона позитивните случаи во земјава се од главниот град. Досега во Скопје регистрирани се 17319, од нив активни се 7114 лица.
Најкритично е во Аеродром 1.120, Карпош 979, Гази Баба 970, Центар 934, Кисела Вода 858.
Трендот на повеќе од 30 проценти позитивни од тестираните неделава , или дека секој трет кој се тестирал е позитивен на корона ја искачи бројката близу 15 000 активни случаи во Македонија.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39.760, бројката на оздравени пациенти е 23.035, на починати е 1.136, а бројот на активни случаи изнесува 15.589.