Полски министер: ПВО системот „Патриот“ ќе биде поставен на територијата на Полска, а не на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак соопшти дека германскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ ќе биде распореден на територијата на Полска, откако Берлин одби да го испрати тој систем во Украина.

„Разочаран сум затоа што, по разговорите со министерството за одбрана на Германија, моравме да се откажеме од нашата поддршка за Украина. Распоредувањето на системот Патриот во западна Украина ќе ја зголеми безбедноста и на Полјаците и на Украинците“, напиша Блашчак на Твитер.

Германија минатиот месец ѝ го понуди на Полска системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ за да помогне во обезбедувањето на нејзиниот воздушен простор откако залутана украинска ракета се урна на полска територија, при што загинаа две лица, објави „Ројтерс“.

Слични содржини