Полуизгладнето лавче најдено во стан во Париз

од desk2
69 прегледи

Младенче од лав е најдено во празен париски стан, откако било напуштено д маж кој го најмил за да го покажува, велат истражителите во среда.


Полицијата започна да го бара лавчето откако на социјалните мреи се забележани фотографии од 24-годишно моче кое прави селфи со него.

Во вторникот, момчето било пронајдено во неговиот дом во источен Париз, но полцијата открила дека младото лавче било оставено на друга адреса.

Откако пристигнале во станот во северниот дел од Париз, пожарникарите го пронашле изгладнетото животно.

Откако го заловиле со ласо, лавчето е сместено во прифатилиште за животни на една група за заштита на правата на животните.