Помалите партии бараат една изборна единица, владејачката СДСМ го поддржува предлогот

од Берта Китинска

Помалите политички партии поднесоа измени на изборниот законик со кои се бара една изборна единица, да нема изборен праг и да се укине финансирањето на политичките партии.

-Предлагаме Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционален модел, да нема праг, а пресметката на пратениците да се реализира преку Донтовиот количник, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз .

Владејачката СДСМ  начално го подржува предлогот но инсистира на консензус.

-За ваква тема треба консензус од сите, а не со надгласување и препукување. Се надевам дека по една општа генерална дебата на власта и опозицијата, големите, малите и вонпарламентарните партии ќе се најде консезус за ова прашање, вели пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

loading...

Слични содржини