Помалку од лани: 453 лица од Македонија гласале на вчерашните избори во Бугарија

од Nikola Popovski
176 прегледи

Вкупно 453 лица кои се чувствуваат како Бугари гласале на избирачките места во Македонија како дел од парламентарните избори во Бугарија.

Изборниот ден во земјава заврши мирно и без наплив на гласачи во седумте изборни единици, информираат од „БТА“.

Како што наведуваат, најголем број гласачи имало во Скопје, во Бугарската амбасада, каде правото на глас го искористиле 186 лица, нешто повеќе од оние што гласале на изборите во октомври минатата година, кога гласале 172 лица.

Најмалку 8 гласачи го оствариле своето право на глас во Тетово, каде на овие избори првпат беше отворено гласачко место. Во Охрид гласале 65 гласачи, а во Битола 55.

На претходните избори во октомври минатата година, во Македонија гласале 461 лице со бугарска самосвест.

Слични содржини