Кога брачниот пар нема деца, најчесто прашање кое го добива е „Кога бебе?“, а ако имаат едно, за кратко го добиваат прашањето „Кога второ?“
Родителството не е лесно, бидејќи подразбира доживотна грижа за некого, дури и откако детето веќе е пораснато и самостојно.
Блогерката Меган Хенсен објавила 10 причини зошто ќе остане само со едно дете:
1. Јас и маж ми сме истрошени. Едноставно, немаме енергија да стануваме ноќе и да се грижиме за новороденче. Тој брод, едноставно, отплови.
2. Кога не спијам, сè ми е грдо и неубаво. Навистина се мачевме поради недостатокот на сон. Баш и не сакам одново да минам низ тоа.
3. Сакам да имам време за хоби. Да, точно е, ми треба време и лично за себе. Си го сакам семејството, но ми треба и простор да можам да се посветам на себе.
4. Трошоците се големи. Ни беше многу тешко кога требаше да обезбедиме сè што е потребно за нашата ќерка. Уште еднаш не би можеле да минеме низ тоа.
5. Не сакам да се откажам од себе. Не сум сигурна дека имам доволно трпение да можам да го вложам истиот напор, само двојно.
6. Ми недостига маж ми. Со едно дете сме и не се сеќавам кога последен пат сме биле сами и сме си посветиле доволно внимание. Второ дете би ја отежнало таа ситуација дополнително.
7. Штедењето за детето е страшно. Ги пресметав сите трошоци, вклучително и школувањето. Не би можеле тоа да го направиме двапати.
8. Сакам мирен семеен одмор. Не би можела да замислам да трчам по плажата и да внимавам дали едното дете јаде од песокот, а другото се дави во водата.
9. И јас сакав да бидам дете единец. Семејството ми вели дека прерано донесов одлука да бидам мајка на само едно дете. Но, сакам ништо да не ѝ недостига на ќерка ми.
10. Нема гаранција за ништо. Јас со моето семејство сум многу блиска. Мојот сопруг има и брат и сестра, а ретко контактира со нив. Не значи дека ако моето дете има брат или сестра ќе бидат вечно блиски.