487
Во тешките моменти се познаваат и хероите и добрите луѓе. Мики Чилку, еден од поновите туристички бизнисмени во Скопје реши својот хостел да им го понуди на сите дебарчани кои се „заглавени“ во Скопје поради новонастанатата ситуација.
“Ги повикувам сите СТУДЕНТИ и ВРАБОТЕНИ дебарчани кои се заглавени во Скопје поради забраната за влез/излез во Дебар, доколку имаат потреба од сместување во Скопје можат да се обратат/сместуваат во „Хостел Мицкитос“ без никаков надомест се до нормализирање на ситуацијата или нормално функционирање на работните активности на хостелот“, пишува на Фејсбук профилот Мицки.