Попладне на југоистокот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

од Марта Пешевска
132 прегледи

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, а попладне во југоисточните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Beautiful yellow daisy in the morning dew. Shallow depth of field

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови.

Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.