Попладне зголемување на облачноста и услови за локален дожд

од Vladimir Zorba
136 прегледи

  Попладне се очекува преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели.

Како што соопшти УХМР, ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе се движат во интервалот од два до девет степени, а максималната дневна од 16 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со темепратура до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Во среда тепрематурите ќе се движат од 19 до 25 степени, во четврток од 20 до 27 степени, во петок од 21 до 28 степени. За викендот, односно во сабота и недела температурите ќе бидат соодветно од 19 до 27, т.е. од 18 до 24 степени Целзиусови.

Слични содржини