758
Дождот што паѓаше континуирано од саботата, ги претвори улиците во предградијата на Александрополис во многубројни потоци и предизвика бројни проблеми во тој град во североисточна Грција.
Поплавите предизвикаа големи проблеми во некои грчки општини.
Градските власти соопштија дека поради поплавените улици, наставници и ученици се заробени во зградите на основните и средните училишта, но дека не се во опасност.
Сериозно е загрозена и општината Соуфли, каде што се оштетени куќи и деловни простории, додека ситуацијата е под контрола во општините Дидимотикос и Орестијада.
Фото: Катимерини