Попов: Добив 60.000 денари од град Скопје, а не половина милион

од Nikola Popovski

Музичарот Мирко Попов ги дементираше тврдењата дека минатата година тој и уште неколку уметници добиле грант од град Скопје во износ од околу половина милион денари.

-Тоа се глупости. Конкурсот за проекти од културата оваа година не е излезена. За минатата година сум добил околу 50-60 илјади денари и за тоа издадовиме 100 плочи, компилација која се вика „Ние сме Скопје“. Смешни се обвинувањата. Парите што ги добив не беа ни доволни. Смешни се муабетите. 1100 евра чинат 100 плочи со целосна изработка, вели Попов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини