Родителите до трето одделени ќе имаат можност да изберат дали своето дете ќе го пратат во училиште или ќе следи онлајн настава. Како и секој нов почеток дефинитивно овој ќе биде најспецифичен за првачињата.
Според психологот, Дора Попова – Узуновски бројот на родители и деца кои бараат психолошка помош во последно време, како последица на корона-ситуацијата е зголемен. Таа вели дека децата ќе бидат ментално здрави толку колку што нивните родители и наставници ќе успеат да останат ментално здрави, во зависност од моментот и колкаво значење ќе и се даде на постоењето на пандемијата.
-Моето мислење е дека децата ќе бидат ментално здрави толку колку што нивните родители и наставници ќе успеат да останат ментално здрави, а тоа ќе зависи од моментот колкаво значење ќе му се даде на постоењето на пандемијата. Има луѓе кои се се уште многу исплашени, но има и луѓе кои беа исплашени,а веќе се помалку или воопшто не се и се прилагодија на ситуацијата. Како и да е, бројот на родители и деца кои бараат психолошка помош во последно време, како последица на корона-ситуацијата е зголемен. Се јавуваат симптоми кај децата, но и кај возрасните кои никогаш порано не се појавиле. Тоа што се случува во пандемијата и барањето во мерките е спротивно на човечката билогија и емоционална природа, па затоа и самите мерки не функционираат. И токму поради тоа што човечката природа е посилна од некоја вештачки создадена средина, сметам дека ќе биде состојбата ќе биде надмината, но сигурно дека ќе остави последици, вели Попова – Узуновск.
Целиот текст прочитајте го на Стандард.мк.