Опозицијата победи и тоа не е само ВМРО-ДПМНЕ , тука е и Левица која е во пораст . Токму таму се упатија оние гласачи кои се налутија на националната власт исто и незавсините лист кои освоија гласови, практично се направи ѕид на гласачи кои тешко ќе можа да се прескокне, СДСМ ќе треба многу да работи за да може да го помине, вели за Студио 10 Љиљана Поповска, поранешна пратеничка.
-На овие избори граѓаните направија црта на собирано незадовослтво во последните неколку години. Тука можеме да се вратиме од 2018 година, од промената на уставното име, од многу неуспешни преговори со ЕУ, од разочарувањето што ЕУ иднината е затворена, блокирањето на Македонија и нашето постојано понижување на национален план. Ова е огромно незадволство кое сега е испорачано на овие избори. Практично многу луѓе гласаа за СДСМ бидејќи тие ветуваа могу промени. Мислам дека се покажа и зрелост кај граѓаните. Од една страна ги наградија добрите градоначалници независно од која партија се, а ги казнија оние од кои не беа задоволни. Граѓаните гласа масовно и за останатите листи кои се составени од автентични борци, изјави Поповска.