Поповска: Во моменти на високо загадување, не треба да има никакви калкулации

од Aleksandar Todeski
321 прегледи

Поради консултации со институциите дали забраната за увоз на отпад кој се користи за загревање, вчера беше прескокнат од дневен ред Законот за управување со отпат. Пратеничката од ДОМ и една од иницјаторките за ова законско решение, Лилјана Поповска во изјава за медиумите рече дека ова било единственото образложение кое го добила, бидејќи Македонија била земја потписничка на Базелската конвенција, која задолжува освен извоз, да има и увоз на отпад.

„Мислам дека немаме обврска, ние се уште не сме членка на Европската Унија и немаме тврди облигациони односи за да мораме да исполнуваме се што се европски правила. Треба да се водиме по нашиот интерес, а нашиот интерес е здрави граѓани. Во моменти на високо загадување, не треба да има никакви калкулации“, рече Поповска.

Одговор и рекле дека ќе имаат идната недела, иако пратеничката смета дека и во институциите има луѓе кои што се заинтересирани за учество во овој бизнис и дека многу други институции треба да проверуваат што се случува и како се случува.

„Немаме контрола, затоа треба времено да се стопира. Во други земји се увезува, но има лабораториски анализи, како се гори и што излегува. кај нас нема такво нешто но кај нас реакторите не се затворен систем. Проблем се сите системи со отворени филтри, бидејќи не се што е штетно може да се задржи на филтерот. Нам ни треба сериозна ревизија на дозовлите и процедуирте што е дозволено, што не е дозволено“, додаде Поповска.

Таа не тврди, но вели дека е очигледно оти има профит за фирмите кои сакаат да го поевтинат своето производство со тоа што 20-30% барале и добиле дозвола да го заменат горивото со отпат. Поповска додава дека во случај кога има очигледно загадување на граѓаните, не може да се гледа профит.

А.Т.

Слични содржини