Целосно затемнување на Сонцето, млада месечина и преминување на Сонцето од знакот на Риби во знакот на Овен. Сето ова ќе се случи денес, 20 март. Следното целосно затемнување на Сонцето ќе е на 3 септември 2081 година Само по неколку дена, сепак – на 4 април, ќе има целосна затемнувањето  и на Месечината.

затемнување

Несекојдневен и невидена интерес предизвика првото сончево затемнување за оваа година.Милиони луѓе во светот ќе  видат како Месечината ќе го  полкопи  Сонцето денес.Над Балканот затемнување ќе биде делумно, а над Атлантикот – целосна, соопштуваат  астрономите кои објаснија дека најдобро феноменот може да се набљудува на Фарските Острови и архипелагот Шпицберген.
“Ќе стане малку ладно и темно” а на Балкнот тоа ќе се гледа околу 11 часот. Тогаш Месечината ќе е пориена  речиси 53% од сончевиот диск.

Затемнувањето на Сонцето од Месечината, кое ќе почне  во периодот од 9 часот и 37 минути до пладне, организирано ќе се набљудува од плоштадот Македонија во Скопје.  Скопското астрономско друштво на Плоштадот ќе постави два телескопа со специјални сончеви филтри, преку кои ќе може бесплатно да се види оваа ретка астрономска појава.

“За жал, од Македонија, како и од цела континентална Европа ќе може да се види само делумна соларна еклипса. Од Скопје во максимумот од затемнувањето во 10 часот и 45 минути ќе може да се види затемнување на дискот на сонцето од околу 43,5 отсто

Се е распродадено

 Уредите за следење сигурно нема да бидат доволни за илјадниците кои ќе сакаат да го  видат затемнувањето. Се очекуваат редици од рани зори, а ентузијасти споделија на Фејсбук дека нема да спијат, за да си го задржат своето место. Оние кои не можат да се дофатат до телескоп, може да го видат  затемнувањето со специјални очила. Од астрономски асоцијација во светот велат дека се тоа е експресно распродадено и многу тешко може да се купи токму денеска . “Беа илјади, но веќе се продадени “, раскажаат задоволните продавачи..
 Друго е сепак фолија, од кое човек може сам да си направи очила, но “Во никој случај не гледајте со голо око. Ако го направите, може да ослепите”, предупредија експертите. Причината е дека опасните зраци може да  ја изгорат ретината.Обичните очила исто така не можат да ве заштитат. . “Не треба да се гледа  и низ црно стакло, бидејќи ризикот да ослепеете останува голем”, предупредија астрономите.Најзагрозени од оштетување на очите се децата. Некои училишта веќе забранија излегување надвор за време на затемнувањето на сонцето, за да го заштитат видот на ученици. Делумното затемнување е многу поопасна од целосното, бидејќи луѓето не сфаќаат дека дури гледањето на мал дел од Сонцето е опасно, велат уште специјалистите.
Меркалиите на  селфијата не треба да прават фотографии со затемнувањето на сонцето. Според експертите тоа може да доведе до трајно оштетување на очите.Од британскиот колеџ на оптометристите предупредија дека фотографиите со мобилен телефон може да доведат до исто толку попреченост, како и директното зјапање во Сонцето.
Ризик за  струјата низ Европа
Германија и Франција  се подготвени да активираат дополнителни капацитети. Напон  и падови во електричната мрежа на многу европски земји може да  се создаде токму  од затемнувањето на сонцето. Очекуваното запирање на производството на струја од фотоволтаични потекло ги принуди операторите да преземат мерки без преседан. Тие воведоа посебна постапка, за да се избегнат прекини на струјата. При јасно време падот на производството од сонцето би можело да достигне 34 000 MW. Според синоптичарите сончева ќе е денешното утро во Германија. Имено таа е државата чиј фотонапонски парк (40 000 MW) е најголем во Европа. Таму сончевата енергија претставува 18% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во 2014 година Кога сонцето се скрие во 09,30 часот по локално време, Германија треба да се справи со пад од 75% на капацитетите во првата фаза на затемнување. За да нема проблеми, еден од четирите оператори на германската мрежа од далноводи со висок напон е појачан т со интервенти тимови. Централите кои работат со гас и јаглен, исто така ќе бидат вклучени во операцијата. Освен во Германија, проблеми со струјата може да има во Италија, Шпанија и Франција. По потреба во Франција ќе се активираат дополнителни производствени капацитети.
 Во Русија затемнувањето на сонцето ќе биде емитувано директно на телевизија и на огромен екран во центарот на Москва. . Гласини за апокалипса по сончевото затемнување тргнаа ден пред тоа да се случи. Морничави пророштво беа направено од влијателен американски свештеник. Според него крај на светот доаѓа не по силна експлозија или војна, туку  откако Месечината и Земјата се подредени во една линија, што ќе се случи на 20 март, а тоа е денеска.

Слични содржини