Крешимир Мацан, хрватски стручњак за односи со јавност и политички комуникации, повеќе не е посебен советник на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ за стратешко комуницирање , соопшти хрватската влада.

Во кусото соопштение се вели дека Мацан, на лично барање, разрешен е со одлука на премиерот Пленковиќ.
Мацан привлече внимание кога искоментира на Твит, во кој негативно се изрази за присуството на Марко Перковиќ Томпсон на дочекот на хрватските фудбалски репрезентативци во Загреб.
Мацан реагираше на објава на новинарот Тончи Перцан, кој на Твитер напиша дека „отсуството на државниот врв, а учеството на Томпсон на дочекот мириса на мек усташки државен удар“.
Мацан искоментира: „Кој не успеа…“
Советникот на Пленковиќ подоцна се обиде да се одбрани од лавината напади наведувајќи дека тон не прозвал никого, ни селекторот, ни играчите на хрватската репрезентација во врска со дочекот.