Поради коронавирусот се одложува премиерата на Џејмс Бонд

Фановите на Џејмс Бонд ќе мора да се стрпат, бидејќи премиерата на новата авантура на познатиот британски шпион „No Time to Die“ е одложена и наместо во април, ќе биде прикажана во ноември поради епидемијата на новиот коронавирус.

МГМ, Универсал и продуцентите Мајкал Вилсон и Бабара Броколи најавија дека одложувањето на почетокот на прикажувањето на No Time To Die за ноември 2020 година е по проценките на светските пазари на киносалите.

Здруженијата на фанови во понеделникот преку отворено писмо барале одложување на премиерата на филмот и го истакнале приоритетот на јавното здравје, додека во неколку земји се забранети големи собири, со цел да се избегне ширењето на коронавирусот.

Дваесет и петиот филм од сагата Џејмс Бонд ќе започне да се прикажува на 12 ноември во Велика Британија и 25 ноември во САД, прецизирале на Твитер.

Слични содржини