Поради кршење на Ковид протоколи, познат рагбист отпуштен од Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Кога пред две години беше избран во првиот круг на драфтот во НФЛ, квотербекот на државата Охајо, Двејн Хаскинс, требаше да ја претставува иднината на Вашингтон. Неполни две години подоцна, тој ќе ја заврши сезоната без клуб, по одлуката на некогашните Редскинси да го отпуштат.

Хаскинс требаше да биде предводник на новата генерација на играчи на Вашингтон, но веќе по првата сезона, неговиот статус беше доведен во прашање по лошите игри и само една победа (против Њујорк Џетс).

Пред почетокот на сезоната, новиот тренер Рон Ривера го назначи Хаскинс за стартер, но во петтата недела беше објавено дека младиот квотербек, поради лошата работна етика и генералната незаинтересираност за случувањата на теренот, ќе биде резерва во остатокот од сезоната.

Во октомври, тој го прекрши ковид протоколот за првпат кога резервираше место за пријател во хотелот каде што беше тимот пред натпреварот против Њујорк Џајантс. По повредата на Кејс Кинам и враќањето на Алекс Смит, Хаскинс беше на клупата до 14-та недела, кога Алекс Смит се здоби со повреда, а Хаскинс мораше да биде на теренот, за следната недела повторно да ја добие улогата на стартер. По поразот на неговиот тим 20:15, Хаскинс отиде на забава во стриптиз-клуб, каде беше снимен без маска, па по втор пат беше казнет за кршење на протоколот во НФЛ, и беше отстранет од позицијата капитен.

Тој сепак доби шанса против Каролин Пантерс, но беше заменет со Тејлор Хеиники по три четвртини, а еден ден подоцна, тренерот Ривера истакна дека разговарал со Хаскинс:

„Го информирав дека ќе го отпуштиме. Му реков дека верувам дека тоа е во корист на обете страни и дека е подобро за нас да се разделиме. Сакаме да му се заблагодариме на Двејн и да му посакаме среќа во понатамошната кариера“, рече Ривера.

Слични содржини