Поради псовките, Несторовски ќе одмара против Германија

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Откако ја погледнав снимката, одлучив да го ослободам Илија Несторовски за мечот со Германија, соопшти селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.

„Драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, додаде Ангеловски.

Македонија синоќа славеше против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2022, а на самиот крај Несторовски, кој беше стрелец на петтиот гол упати пцовки во камерата.

Слични содржини