Поради развод: Кој е руски олигарх мора да и плати на својата поранешна жена рекордни 453 милиони фунти (645 милиони долари)?!

од desk4
138 прегледи

Идентитетот на рускиот милијардер, кој треба да исплати 453 милиони фунти (645 милиони долари) на неговата поранешна сопруга, по најголемото брако-разводно дело во Велика Британија, беше откриен вчера. Ова е Фархан Ахмедов.

Меѓутоа, вчера, на суд во Лондон, стана јасно дека поранешната сопруга на Ахмедов, Татјана Ахмедова, не добила ништо од него.

Досега двојката не беше индентификувана заради судски налог, бидејќи Ахмедова беше побарала да се задржи анонимноста, бидејќи се плаши за безбедноста

Меѓутоа, вчера беа откриени детали за договорот за развод и нивниот расипнички начин на живот. Во 2016 година судот му нареди на 62-годишниот Ахмедов кој беше вклучен во т.н. “листа Путин” на САД, во кој спаѓаат руски политичари и олигарси блиски до Кремљ, да и обезбеди на 41-годишна поранешна сопруга 41.5% од своето богатство.

Нафтенииот и гасен магнат, кој е близок пријател со сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, се ожени за Ахмедова пред повеќе од 20 години, пишува Guardian.

Двојката, која има два сина, се пресели во Лондон во 1993 година, а Ахмедова ги виспитувала децата без помош на дадилка,. Тие живееле во дворец вредент 39 милиони фунти (55 милиони долари) во Сари и имале имот за одмор во вредност од 27.8 милиони фунти (39 милиони долари).

Ахмедов ја обжали одлуката на судот. Според неговите адвокати, тој очигледно ја фаворизирал својата поранешна сопруга. Според Ахмедова, на неа и се вложуваат речиси половина од вкупната состојба во износ од 1 милијарда Фунти (1.43 милиони долари) поради “Еднаквиот нејзини придонес кон благосостојбата на семејството” за време на нивниот брак.

Ахмедова вели дека речиси ништо не добила, и покрај одлуката на судот. Според нејзиниот адвокат, Ахмедова имала само 17 години кога се запознава со својот поранешен сопруг, а на 21 година веќе билабремена, по што се омажил и се преселила во Англија во 1993 година.

“Мажот не и платил ништо. Иако судот пресметал вкупно 453.576,152 фунти (646.4 милиони долари), но таа досега не добила речиси ништо, освен минималните задолжителни средства за Велика Британија. “Бракот се распадна во 2013 година и на крајот, завршува во 2014 година.

Според адвокатот на Ахмедова, поранешниот сопруг го преселил речиси целото свое богатство во офшор зони далеку од Велика Британија па таа да не може да добие дел од него.

Претходното најголемо бракоразводен договор беше објавен во 2014 година. Тогаш Џејми Ли-Хон, сопруга на финансиерот Крис Хон, и беа доделени 337 милиони Фунти (480 милиони долари).

Минатата година судот одлучи Коо Кеј Пенг, шефот на Laura Ashley, да и плати на бившата сопруга – Паулин Чај, 64 милиони долари (91 милион долари). Поради таквите судски одлуки, Лондон беше прогласен за “светски главен град на разводите”.