Поради шумски пожар го евакуираа и островот Мармара

од desk4
120 прегледи
 

Се евакуираа турскиот остров Мармара заради голем шумски пожар , соопштија локалните агенции.

Најмалку пет куќи се уништени, а пламенот продолжува рапидно да се шири и веќе ги загрозуваат станбените области.

Контролата на пожарот е тешка поради високите температури и силниот ветер.

Сите жители на островот веќе се евакуирани.

Илјадници туристи заробени во огнената стапица на островот Саматракс

 

Потсетуваме и  дека пожар гори на грчкиот остров Самтракс , каде се блокирани илјадници туристи.