Поранешен француски претседател почина од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен почина од последиците на коронавирус и неговиот погреб ќе биде одржан во кругот на семејството, соопшти семејството на починатиот претседател.

„Валери Жискар Д’Естен почина во средата, 2 декември, во семејната куќа во Лоара-ер-Шер. Неговата здравствена состојба се влоши и почина од последиците на ковид-19“, напиша семејството во изјавата доставена до агенцијата Франс Прес.

Според соопштението, во согласност со неговата волја, погребот ќе се одржи во строго тесен семеен круг.