Поранешна австриска министерка која танцуваше со Путин стана член на Одборот на директори на „Роснефт“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, која танцуваше со Владимир Путин на нејзината венчавка, доби место во Одборот на директори на рускиот гигант на нафтената индустрија под контрола на државата „Роснефт“, соопшти компанијата.

Карин Кнајсл стана светски позната откако го покани Путин на нејзината венчавка во 2018 година, кога Русија беше ставена во изолација поради анексирањето на украинскиот полуостров Крим.

Тогаш, слики од нејзиниот танц со рускиот лидер во Гамлиц, Штаерска, го обиколија светот, а австриската влада тогаш доби критики од партнерите во ЕУ.

Путин, по се изгледи не ја заборави услугата на Кнајсл за излегување од изолацијата, па ѝ врати со членство во управниот одбор на една од најсилните светски компании за нафта.

Слични содржини