Поранешна фабрика за нуклеарно оружје сега е природна оаза (Фото)

од desk2
206 прегледи

Во американската сојузна држава Колорадо во близина на фабрика за нуклеарно оружје отворен е заштитен простор на дива флора и фауна каде велосипедисти и планинари може да уживаат во зелената оаза со разни животни.

Националниот резерват отворен е без многу гламур, а во близина се наоѓа ла порано фабрика за нуклеарно оружје на база на плутониум.

Местото е на 26 километри северозападно од Денвер.

Некои посетители денеска носеа гас-маски за да предупредат дека некогаш тоа место било опасна фабрика, а некои беа без гас-маски уверени дека таа локација е безбедна.

Посетителите можад да се воодушевуваат на зелените ливади, високи билки, а во резерватот има околу 100 видови птици, од јастрби до мали птици, како и мечки и риби.