Поранешната специјална обвинителка ќе даде завршни зборови во „Рекет”

од Берта Китинска
318 прегледи

Поранешната специјална обвинителка, сега обвинета во случајот „Рекет”, Катица Јанева, денеска во Кривичниот суд ќе ги даде своите завршни зборови за овој судски предмет, по што ќе се отвори патот да се закаже рочиште за објавување на пресудата.

Освен обвинетата Јанева, се очекува завршни зборови да дадат и нејзините бранители. Претходно, на вчерашното рочиште за „Рекет”, завршен збор имаше и првообвинетитот Бојан Јовановски – Боки 13, кој рече дека обвинението е засновано само врз изјавата на Јордан Камчев. Според Јовановски, Камчев можеби дал милион евра, а можеби и повеќе, но не на него. Тој негира вина и тврди дека обвинението против него е политичка конструкција.

Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството. Исто така, и самите обвините презенитираа докази, односно со предлог на обвинетата Јанева, пред судот сведочеа неколку обвинители и истражители од поранешното Специјално јавно обвинителство.

Слични содржини