Поранешниот басист на легендарната британска рок група “Ролинг Стоунс” Бил Вајман е дијагностициран со рак на простата, соопшти официјален претставник на семејството на музичарот.4701302

Вајман е подложен на лекување и се очекува да биде во можност да закрепне од болеста целосно, бидејќи ракот е откриен во многу рана фаза. Бил Вајман е роден на 24 октомври 1936 година во Лондон. Се приклучува кон “Ролинг стоунс” како басист во 1962 година.

Музичарот ја напушта легендарната британска група 31 година подоцна, за да се посвети на самостојни проекти. Тој ја создава својата група “Ритам Кингс”.

Вајман бил женет три пати и има четири деца.

Слични содржини