Поранешниот градоначалник на Демир Капија почина од Ковид-19

од Vladimir Zorba

Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, кој во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина.

Димитриев беше на 63 годишна возраст. Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.

Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. Таман бил малку поарен, нагло му се влошила состојбата па починал.

Слични содржини