Поранешниот шеф на Европската централна банка задолжен за формирање на новата влада на Италија

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот претседател Серхио Матарела побара од поранешниот шеф на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги да формира неполитичка влада за да ја води Италија преку пандемијата на коронавирус, откако во последната минута не успеаја преговорите меѓу политичките партии.

Шефот на државата разговарал со Драги во средата по неуспехот во напорите за спасување на коалицијата на премиерот во заминување Џузепе Конте.

Матарела ги повика „сите политички сили да ја поддржат владата од висок профил“, отфрлајќи ја единствената друга опција – предвремени избори – како лошо пресметани, со оглед на опсегот на предизвици со кои се соочува Италија.

Драги сега ќе разговара со политичките партии во обид да ја добие нивната поддршка во парламентот за администрација чија задача е да се справи со економската и кризата на пандемијата на коронавирус кои ја погодија Италија.

Во кратката изјава за јавноста откако доби мандат од Матарела, Драги рече дека е убеден дека ќе обезбеди доволно поддршка во парламентот.

 

Слични содржини