Американски експерти открија дека меѓу младите мажи е распространетата еректилната дисфункција, која е поврзана со гледањето на порно, пишува списанието “Ролинг стоунс”.
Прв за проблемот зборуваше професорот Абрахам Моргантаил од Медицинскиот институт Харвард. Иако многу истражувачи се сомневаат во постоењето на врска меѓу порнографијата и импотенција, се повеќе научни трудови покажуваат дека филмовите за возрасни влијаат негативно врз сексуалната желба и задоволство.
Илјадници посетители на веб-страницата на Reubuit и Jor Brain On-Porn страниците се уверени дека тие се засегнати од проблемот.
Според зборовите на сексуалниот терапевт Ванеса Марин, во последните две-три години се забележува пораст на еректилната дисфункција кај младите мажи, додека порано болеста било карактеристично за постарите луѓе.
Резултатите од студијата на урологот Метју Кристман од Сан Диего покажуваат дека ширењето на импотенцијата е поврзано со порнографијата.
Експертите проучувале 312 мажи на возраст од 20 до 40 години. Од нив 3,4% изјавиле дека повеќе сакаат да гледаат филмови за возрасни отколку да имаат секс. Другите љубители на порнографијата имале позначајни проблеми со еректилната дисфункција.